„Ах, љубов моја“ најдобар филм на Интернационалниот фестивал во Урошевац

07.09.2017 | 15:05
Прочитано: 1317

„Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски и продукција на „Авард филм и видео“ доби награда за најдобар филм на петтото издание на Интернационалниот филмски фестивал во Урошевац, Косово, што се одржа од 2 до 6 септември.

- На овој фестивал, покрај филмот на Коле Ангеловски, награди добија уште два македонски филма. За најдобар краток филм беше прогласен „Ќе дојдат децата“ на Ана Јакимоска, а наградата за најдобар анимиран филм ја доби „Кружно патување на Марето“ на Жарко Ивановски,  информираат од  продукцијата „Авард филм и видео“. 

По премиерата на Скопскиот филмски фестивал, филмската комедија „Ах, љубов моја“ беше прикажана и на „Балкан филм енд фуд Фестивал“, во Поградец, Албанија, како и на Фестивалот на медитерански и европски филм во Требиње, Босна и Херцеговина.

Во наредниот период филмот ќе биде прикажан и на Македонскиот филмски фестивал во Канада и на Македонскиот филмски фестивал во Австралија, соопштуваат од продукцијата „Авард филм и видео“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.