„Авантурите на Аладин“ - премиера на Македонскиот народен театар

20.03.2017 | 14:46
Прочитано: 1434

По поставувањето на „Силјан Штркот шанца“, Македонскиот народен театар повторно со премиера на претстава за деца - „Авантурите на Аладин“ во адаптација, драматизација и режија на Бојан Трифуновски. Овојпат ќе биде на големата сцена, премиерно на 22 март и со прва реприза на 29 март од 19 часот. 

Режисерот Бојан Трифуновски на прес-конференција денеска рече дека претставата е авантура на повеќе нивоа. Се занимавале со светски позната материја која, рече тој, има неколку точки од кои не смееле да отстапат. 

„Прашањето е како таа толку позната материја да ја направиме да биде повторно интересна и со неа да дадеме нешто ново. Успеавме да го нагласиме хуморот во претставата затоа што ако нешто ми е омилено тоа е звукот на колективното смеење на децата, нема поубав звук од тоа. Интересно беше и тоа што првпат на големата сцена на МНТ правиме претстава за деца која ги има сите визуелни бенефити“, рече Трифуновски.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.