„Фридом хаус“: Македонија – делумно слободна земја

14.02.2017 | 13:39
Прочитано: 2158
Македонија останува закована во групата на делумно слободни земји и нема поместување. „Фридом хаус“ наведува дека состојбата на Балканот се влошила во однос на изборните процеси, како и со владеењето на правото. Според извештајот на мета е граѓанското општество, а се спречуваат  истрагите за злоупотребите  од страна на Власта.
 
„Лидерите на Босна, Србија, Црна Гора и Македонија ја шиканираат критиката од граѓанското општество, спречуваат истраги за злоупотреби на власта и ги игнорираат уставните процедури. напредокот кон демократските стандарди е заменет со отровен микс од национализам, корупција, дисфункција на власта и мешање на Русија“, се наведува во извештајот на „Фридом хаус“.
 
Во земјава се влошува и состојбата во делот на  слободата на изразување и новинарството, забележуваат невладините. До Советот за етика во медимуте за две години пристигнале повеќе од 150 преставки, вели претседателот на Комисијата за жалби, Мирче Адамчевски.
 
„Сметам дека состојбата со етиката кај нас се влошува така се и вестите и од регионот, а сведоци сме дека тоа се случи и во европски и во светски рамки“, истакна Мирче Адамчевски, од Советот за етика во медиумите на Македонија.
 
„Слободата на изразување, слободата на медиумите, е еден многу важен дел на демократијата“, изјави Бардил Јашари извршен директор на фондацијата „Мераморфозис“
 
Слична е состојбата и во регионот. 
 
„Можеме да ја согледаме ситуацијата таква каква што е. Таа е навистина лоша. Сè полошо. Новинарите се слабо платени. За 350 евра, не можете да се тепате со функциониери. Тоа се многу малку пари. Морате да издржувате семејство, деца. Но, ако сте одлучиле да се занимавате со оваа професија, која е неверојатна и која носи голема одговорност, тогаш морате да бидете одговорни кон себе и кон јавноста“, вели Весна Радојевиќ, новинар од Србија.
 
Денеска дел од новинарите на дневните весници кои се под капата на „Медија Принт Македонија“ излегоа да го изразат своето незадоволство поради доцнењето на платите, но и од односот на менаџментот.  Деновиве испратиле и конкретни барања – професионално да си ги извршуваат обврските, а платите да им бидат исплатени најдоцна до 15-ти во месецот. Претседателот на Управниот одбор на Медиа Принт, Срѓан Керим, не беше достапен да одговори за состојбите во компанијата.
 
This publication has been produced within the partnership with Osservatorio Balcani e Caucaso for the European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF), co-funded by the European Commission. The contents of this publication are the sole responsibility of media partner Mediapool.bg and can in no way be taken to reflect the views of the European Union. 
 

Игор Стефановски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.