„Матурска парада“ на плоштад „Mакедонија“

19.05.2017 | 09:58
Прочитано: 3503

Tрадиционалната манифестација „Mатурска парада 2017“ ќе се одржи денеска на пладне на плоштадот „Mакедонија“.

На „Матурската парада“ традиционално учениците кои го завршуваат средното образование танцуваат квадрил.

Годинава ќе танцуваат и матурантите од Струга, Охрид, Струмица и Гевгелија. Се очекува учество на околу 1.000 матуранти од 16 средни училишта.

Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во Македонија првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид во организација на дирекцијата за култура и уметност на скопје и танцовиот спортски клуб „Ритам плус“ од Скопје. 

 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.