„Рафали“ меѓу ЕУ и Турција

19.03.2017 | 19:48
Прочитано: 1719
Ако Анкара одлучи да ја врати смртната пресуда, тоа ќе биде сериозна пречка за државата да стане членка на Европската унија, изјави денеска претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.
 
Во интервју за германскиот весник „Билд“, Јункер напомена дека таквиот потег на Анкара би бил на штета на жителите на Турција.
 
„Ако смртната пресуда биде воведена одново во Турција, тоа ќе значи и крај за преговорите на државата. Членството на Турција ќе биде невозможно ако случајот е таков, но не заради европејците туку заради недостигот од желба кај Турците да воведат европски стандарди.“ - изјави претседателот на европската комисија
 
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа најави дека очекува парламентот да одобри враќање на смртната казна по референдумот за проширување на овластувањата на претседателот кој ќе се одржи во април.
 
A кризата во дипломатските односи меѓу Германија и Турција продолжува да се продлабочува. Според портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, сомнежите изразени од страна на Германија во врска со улогата на Фетхулах Ѓулен во обидот за преврат во Турција минатата година, претставуваат доказ дека Берлин ги поддржува пучистите.
 
Калин ги критикуваше германските власти и поради фактот дека и дозволиле на забранетата Курдска работничка партија да одржува собири во Германија. 
 
„Неприфатливо е да се носат симболи и слогани на курдската работничка партија, а турските министри и адвокати беа спречени да се сретнат со граѓаните. Ги потсетуваме европските земји дека на 16 април одлуката ќе ја донесе турската нација, а не Европа“ - изјави Ибрахим Калин, портпаролот на претседателот на Турција. 
 
Околу 30 илјади Курди вчера се собраа во Франкфурт на протест против референдумот кој го бара Ердоган, а со кој ќе му се даде поголема моќ на претседателот. Голем дел од демонстрантите носеа симболи на партијата која во Турција е забранета и прогласена за терористичка група и вееја знамиња со ликот на уапсениот лидер на Абдула Очалан. 
 

Стојанчо Мицевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.