„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

18.03.2017 | 12:47
Прочитано: 2174
Кредитната агенција „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, бб- со стабилен изглед. 
 
Од кредитната агенција наведуваат дека како и во октомврискиот извештај, рејтингот го базираат на добрите економски перформанси на македонската економија, но и на политичката криза која кулминира.   
 
„Стандард и Пурс“ оценуваат дека во економијата има позитивни трендови и покрај политичката криза, и нивните економски проекции се позитивни. Од агенцијата очекуваат невработеноста да продолжи да се намалува во континуитет од година во година и во 2020 да се сведе на 21,5 отсто. Согласно нивните проекции инвестициите и извозот ќе продолжат да растат и на среден рок.
 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.