„Супер Скопје“ денеска и утре во Старата скопска чаршија

25.08.2017 | 10:08
Прочитано: 2069

Со настапот на Трикс, Гоца Тржан, Цена и Гоце САФ во вечер на плоштадот „Скендер бег“ во Старата скопска чаршија продолжува манифестацијата „Супер Скопје“ што почна минатата недела на Кеј „13 Ноември“.

Освен на плоштадот „Скендербег“ претстојниот викенд музички ѕвезди ќе настапат и на просторот пред црквата „Свети Спас“ каде во сабота забавата ќе почне од 21 часот, а ќе настапат Офкестра, Фанки Гуру, Енерџи бенд и Фиц (Студени нозе).

Проектот „Супер Скопје“ се реализира по иницијатива на сопственици и менаџерите на угостителски објекти од повеќе локации од Скопје. Главен организатор е Конгресниот центар „Александар Македонски“, а за реализацијата се задолжени „Горила Вајлд ентертејмент груп“.

Согласно одлука на Советот на Град Скопје, деновите кога се одржува „Супер Скопје“, работното време на угостителските објекти е продолжен за еден час.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.