„Транспортер“ наскоро во судница

19.06.2017 | 18:42
Прочитано: 2330
Додека битолскиот градоначалник се подготвува да седне во судница за предметот Транспортер, Врховните судови денеска расправаа дали укинувањето на неговиот притвор било законско, бидејќи еден ист судија во две инстанци одлучуваше за притворот на Владимир Талески.
 
Додека битолскиот градоначалник се подготвува да седне во судница за предметот Транспортер, Врховните судови денеска расправаа дали укинувањето на неговиот притвор било законско, бидејќи еден ист судија во две инстанци одлучуваше за притворот на Владимир Талески.
 
Врховните судии зад затворени врати ги вкрстија аргументите, но одлука нема. Освен Талески на дневен ред беше и недоделувањето на притвор за градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко кој што е осомничен во првиот предмет на Катица Јанева. 
 
Според дел од правниците, ваквото одолговлекување е уште еден доказ за опструкциите врз СЈО, но и дека укажува на нужноста од реформи во судството.
 
„Почнаа со опструкција околу прибирањето на докази, околу интитуциите кога веќе немаа можност тоа да го прават, сите опструкции за вршија во Основен суд 1, за да се префрли топката кога се решаваа по жалбите особено во Врховниот суд, особено со изборот на старо-новиот претседател.“, изјави Ѕвонко Давидовиќ, адвокат.
 
Обвинителниот предлог за „Транспортер“, Специјалното обвинителство го достави до Кривичниот суд уште на почетокот на април. Оттаму, пак, велат дека неделава завршува фазата на приговори, по што ќе биде познат и датумот на првото рочиште, меѓутоа ниту една од странките не одговори на нашите прашања дали ќе поднесат приговори.
Предметите на СЈО кои ќе влезат во судска процедура, според Давидовиќ, многу тешко ќе добијат разврска.
 
„Без реформи во судството гледаме дека некои предмети не можат да добијат нормален тек на судење, туку се развекуваат и одлагаат“, изјави Давидовиќ.
 
На опструкции од неколку институции во неколку наврати се пожалија и обвинителите од тимот на Катица Јанева. Кривичниот суд, управата за јавни приходи, управата за безбедност и контраразузнавање – беа само дел од институциите, кои СЈО ги посочи како некооперативни и побара измени во законот за заштита на сведоци за поефективна работа. Од парламентарното мнозинство најавија дека ќе биде разгледана оваа иницијатива.

Христијан Баневски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.