„УЧК на врвот во АРМ“ – напиша ДУИ на Фејсбук

19.02.2013 | 17:03
Прочитано: 83044

УЧК на врвот во АРМ -со овие зборови од коалицискиот партнер во власта ДУИ се пофалија на својата Фејсбук страна веднаш до фотграфијата на примопредавањето на министерската функција на Талат Џафери, кој во 2001-ва беше познат како командант Форина.

Џафери на позицијата министер доаѓа од пратеничките редови во кои ќе остане запамтен  по тоа што со молчење ги опструираше расправите на законот за бранителите.

Досегашниот министер Бесими пак кој се прослави како прв човек на македонската одбрана кој со војници на АРМ положи цвеќе на гробовите на убиените припадници на УЧК кај Слупчане, ротира во секторот евроинтеграции.

Во испразнетата министерската фотелја за локална самоуправа од денеска Тахир Хани – екс заменик министер за транспорт и врски. Вели дека ќе ги заврши сите проекти кои министерството веќе ги започнало. Еден од нив е и плоштадот Скендер Бег во Скопје.

Ротацијата и пополнивањето на испразнетите министерски места доаѓа одкако двајца од министрите од албанскиот политички блок доставија оставки бидејќи влегуваат во градоначалничката трка.

 

Михајло Видимлиски

Коментари (39)

miki stojanov

Ne baraj strucnost tuku baraj zdrav razum?!? Ne bi sakal sega da sum vo kozata na "vmrovcinjata" koi ginat za Grujo

11

Анонимен

Ocekuvam da izleze Gruevski i da kaze ,,Branko e kriv za ovaa''

11

Прилеп

sega kruznite tekovi vo prilep ke gi prekrstime vo komandant bacoli komandant lezi i uck.Zasluga na VMRO-DPMNE

11

Анонимен

Na pastirot i na site sto glasaa za nego, uckite treba da im go izgraviraat amblemot na partijata na grbot za ubavo i vecno sekavanje.

11

Анонимен

Жална Македонија......

11

Biljana

Golem sram za Makedonija!

11

Heisenberg

Do koe nivo stignavme ccc, ah Grujo crni Gruju

11

kaur

So sreka neki ti e Makedonijo

11

Анонимен

ne mi se dopagja ,eden isto lice da moze da odgovara i bide uspeshen vo site oblasti???????????????????
vo sahot sekoja figura ima svoe mesto i funkcija ne moze konjot da bide kral ili pionot top

11
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.