„За заедничка Македонија“ бара нови предвремени парламентарни избори

21.04.2017 | 20:06
Прочитано: 9497
Педесет и четвртиот протестен марш во организација на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ се одвиваше по непроменета рута - од Владата до Собранието, со непорменета основна цел - осуда и отфрлање на платформата на албанските партии која ја сметаат за закана за националните интереси, но со ново прецизирано барање: 
 
„Избори се за Македонија“ - изјави Богдан Илиевски.
 
Иницијативата најави конкретни активности во форма на план и програма за излез од кризата. Според организаторите на протестите, барањето да се свика Собраниска седница со единствена точка на дневен ред распишување на нови избори е само дел од планот, чии детали за сега не се откриваат. 
 
„Стретагијата не ја откриваме во целост, но ја имаме“ - изјави Борис Дамовски.
 
Нови протести на кои би се откриле деталите за следните активности се најавени за в понеделник во 17 часот. 
 
Aлександар Пешев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.