„За заедничка Македонија“ со осуда на европските пораки

20.04.2017 | 23:12
Прочитано: 6036
Отфрлање на албанската платформа, осуда на пораките и посетите на европските дипломати и пораки со поддршка до претседателот Иванов го одбележаа 53-тиот протест на иницијативата „За заедничка Македонија“.
 
Демонстрантите маршираа од Владата со Собранието предводени од камион и багер, вееја знамиња и го скандираа името на државата проследени со ударот по тапаните.
 
Нема да прифатиме претседател на собранието кој не ја отфрлил тиранската платформа, им порачаа организаторите на пратениците. Сметаат дека платформата ќе ја федерализира и подели Македонија. 
 
„53 дена сме на улицита за да не дозволиме некој од надвор да ни ја растури државата“ - изјави Богдан Илиевски
„Има решение избори, има и други решенија кои не ги посакуваме“ - изјави Виктор Петров, Викса.
 
Поддршка на протестот му даде и штипскиот пејач Трајче Манев кој му се поклони на претседателот, додека присутните го скандираа неговото име.
 
Актерот Ванчо Петрушевски го нарече претседателот челичен човек, и порача - „на криминалците им суди судот, а на предавниците народот.“
 
„Платениците на Сорос се вратија посрамени дома“ - изјави Ванчо Петрушевски, актер
 
Протестите продолжуваат и утре почнувајќи од Владата, а организаторите најавија дека ќе биде соопштен план за излез од политичката криза.
 

Maja Васева
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.