25 еколошки организации потпишаа платформа „Зелена Македонија“ со политичките партии

22.04.2014 | 18:40
Прочитано: 2077

Заедничка платформа од екологисти и политички партии наречена Зелена Македонија ќе ги решава жешките еколошки точки низ репибликава. Екологистите засега лоцираа 10 загрозени еколошки точки за кои неопходна е итна интервенција.

Прв на листата е Велес поради енормната загаденост од топилница, но не помалку важно за нив е индустриското толерирање на големите загадувачи, заштита на националните паркови како и неконтролираната шумска сеча.

Партиите согласни за платформата за заштита на еколошката средина. Од зелената партија најавуваат закон за квалитет на почвите како и решавање на отпадот преку современи депонии, од СДСМ пак потенцираат на поголемо користење на средствата од ИПА фондовите, додека пак од Гром сметаат дека голем удел во екологијата има рециклирањето.

Партиите и екологистите ја потпишаа платформа наречена Зелена Македонија во која 25 еколошки здруженија ќе ги лоцираат загрозените еколошки точки а потоа преку политичките партии ќе бараат начин за нивно решавање.

 

 

 

 


Христина Наумоска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.