27 професори си заминале од Европскиот универзитет

29.03.2013 | 17:08
Прочитано: 63997

27 професори и асистенти од Европскиот универзитет си заминале од професорските места поради неисплатени плати.

Информацијата за 24 Вести ја потврдуваат професорите кои напуштиле, но засега сакаат да останат анонимни. Според нив, последните две плати ги добивале на рака и не им биле исплаќани никакви придонеси. Сопственикот на колегиум ги информирал дека сметките му се блокирани и дека не може да ги исплаќа до јуни, по што повеќето од професорите и асистентите одлучиле да си заминат.

Екипата на 24 вести објаснување побара и од дел од студентите на Европскиот универзитет. Не сакаат да зборуваат пред камера, но потврдуваат дека дел од професорите навистина заминале. Велат дека веднаш им била најдена соодветна замена.

Ни сопственикот, Бојо Андревски не сакаше да даде изјава. Сметал дека засега немало потреба, а кога ќе имало самиот тој ќе не контактирал.

Од Министерството за образование велат дека  се информирани за заминувањето на група професори, но не знаат дали им е најдена замена и што се случува со предавањата. Од Просветникот инсперкторат, пак, велат дека во тек е инспекциски надзор и повеќе детали најавија за следната недела.

Дали заминувањето на професорите од Европски може да предизвика и одземање на акредитацијата – засега никој од надлежните  не може да каже, бидејќи процедурите биле сложени. Во Законот не постои прецизна одредба колку професори треба да има еден универзитет, но таа може да се пресмета индиректно,  бидејќи е прецизирано дека еден професор може да држи најмногу осум предмети.

На Европски има шест факултети  во прв и втор циклус на студии, со просек по 40 предмети по факултет. Во случај секој од професорите да држи по најмногу 8 предмети, тогаш секој факултет треба да има по пет професори или за шесте факултети во двата циклуси вкупно 30 професори.

Во законот има уште една нејаснотија околу  тоа дали сите професори мора да се во редовен работен однос, а јасно е определено и дека хонорарно професори  може да се регрутираат само од други универзитети или факултети со кои Европски има договор. Одговорот на сите овие дилеми треба да го даде Просветниот иснпекторат.


Елена Џугуманова

Коментари (32)

Анонимен

Sramota visoko obrazovna institucija......prvo da se proveri obrazovanieto na toj Bojo?????

11

Анонимен

Kako moze da plasiraat takvi lagii. Neka se zavrtat naokolu da vidat po kolku meseci lugje ne zemaat plata,a tie ne mozea da izdrzat zakasnuvanje po 2O-tina dena za poslednite 2 meseci

11

Анонимен

Treba da se postavi prasanjeto kako toa smetkite se blokirani na eden univerzitet vo drzavava???

11

Анонимен

Treba Bojo da se procesla kakov tip na mobing izvrsuva vrz negovite vraboteni, i da procesla inspektoratot dali vrabotenite i studentite imaat prava koi im se zagrozeni vo slucajov

11

Анонимен

Ти анонимен да одиш да работиш четири месеци со неизвесна плата и згора на тоа газдата да не те толерира кога ке задоцниш една минута на работа или од пауза и да се најавуваш на десет места да бараш потпис за службен излез а недај бозе нешто да е приватно е тогасх два дена од напред има да јавиш...и плус на тоа на состанок да те покажува со прст колку си невоспитан што три пати во месецот си излегол на половина час да збркаш некоја работа...и повторувам сето тоа за плата од 14 илјади денари која ти ја исплаќаат на два месеци и тоа на рака

11

Граѓанин

По се изгледа кризата ќе се покаже во видлива форма( до сега беше прикриена) и во оваа област.Официјалната статистика регистрира над 40000 невработени со факултетска диплома. Во оваа бројка значаен е уделот и на т.н Европски Универзитет на Проф. Д-р Бојо Андрески и Проф. Д-р Латас. А како тоа преку ноќ нашле замена за 27 професори и асистенти, мора да се МАГИОНИЧАРИ. Универзитетот не е селска бакалница, па да може веднаш да се најдат соодветни замени.

11

Анонимен

Ма каква замена лаже газда да не го подберат инспекции, а и студенти со бунт. По еден двајца професори се останати и се менуваат т.е ротираат на сите факултети, јас останав еве Ви кажувам дека е така, не пукна откако заминаа овие, али кога нема каде ке се трпи до пензија

11

student od eurm

Profesorite mora da svatat deka socijalizmot zavrsi na koj ne mu odgovara neka ne raboti ima mnogu doktori na na nauki koi rabotat kako cistaci i taksisti koi ke ja prifatat rabotata vo ovoj fakultet,

11

Анонимен

Таквите доктори чим работат како чистачи и таксисти не ја заслужуваат дипломата, ако биле паметни ќе се снајделе

11

Анонимен

Kako toa se smetkite blokirani na eden akreditiran univerzitet vo Makedonija?

11
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.