27 професори си заминале од Европскиот универзитет

29.03.2013 | 17:08
Прочитано: 61402

27 професори и асистенти од Европскиот универзитет си заминале од професорските места поради неисплатени плати.

Информацијата за 24 Вести ја потврдуваат професорите кои напуштиле, но засега сакаат да останат анонимни. Според нив, последните две плати ги добивале на рака и не им биле исплаќани никакви придонеси. Сопственикот на колегиум ги информирал дека сметките му се блокирани и дека не може да ги исплаќа до јуни, по што повеќето од професорите и асистентите одлучиле да си заминат.

Екипата на 24 вести објаснување побара и од дел од студентите на Европскиот универзитет. Не сакаат да зборуваат пред камера, но потврдуваат дека дел од професорите навистина заминале. Велат дека веднаш им била најдена соодветна замена.

Ни сопственикот, Бојо Андревски не сакаше да даде изјава. Сметал дека засега немало потреба, а кога ќе имало самиот тој ќе не контактирал.

Од Министерството за образование велат дека  се информирани за заминувањето на група професори, но не знаат дали им е најдена замена и што се случува со предавањата. Од Просветникот инсперкторат, пак, велат дека во тек е инспекциски надзор и повеќе детали најавија за следната недела.

Дали заминувањето на професорите од Европски може да предизвика и одземање на акредитацијата – засега никој од надлежните  не може да каже, бидејќи процедурите биле сложени. Во Законот не постои прецизна одредба колку професори треба да има еден универзитет, но таа може да се пресмета индиректно,  бидејќи е прецизирано дека еден професор може да држи најмногу осум предмети.

На Европски има шест факултети  во прв и втор циклус на студии, со просек по 40 предмети по факултет. Во случај секој од професорите да држи по најмногу 8 предмети, тогаш секој факултет треба да има по пет професори или за шесте факултети во двата циклуси вкупно 30 професори.

Во законот има уште една нејаснотија околу  тоа дали сите професори мора да се во редовен работен однос, а јасно е определено и дека хонорарно професори  може да се регрутираат само од други универзитети или факултети со кои Европски има договор. Одговорот на сите овие дилеми треба да го даде Просветниот иснпекторат.


Елена Џугуманова

Коментари (32)

Jas

A asistentite sto zaminaa?,Del bea polupismeni,rabotnoto vreme go pominaa sedejki i surfajki na net ...Da bideme realni ...

11

Анонимен

Se soglasuvam apsolutno so ''Jas'' naj normalno si se odviva nastavata i duri od fakultetot spremaat razni nastani koj sto do sega gi nemalo.Koj sto saka si kazuva izgleda samo i samo za da si gi ispolni celite.I profesori postojat na fakultetot i nastavata se odviva na naj dobar nacin

11

Анонимен

Да не случајно ве вклучија во престојната конференција што требаше да ја организираат професорите што заминаа, па сега со вас маскираат дека ситуацијата е во ред,... што ке ви се дипломите од универзитет што пропага...ми е жал за оние што се позајмиле пари за ваков Универзитет,

11

Jas

Hah a polovina od asistentite i profesorite ne pozajmile pari za ovoj fakultet? Kolku sto znam 90% asistenti ja imaat istata diploma!

11

Анонимен

Zaprasaj se ti kako student na ovoj univerzitet, zosto za tie finansiski sredstva koi gi vlozuvas da nemas profesori i asistenti kolku sto gi zasluzuvas vo akademskata godina, za da imas kvalitetna nastava, i od koja pricina ne moze da im isplati plati. Sopstvenikot e zaglaven so hipoteki vo banka, spasi se kako student dodeka mozes!

11

Анонимен

takvi studenti i diplomi i trebaat na familijata na premiierot za da gi simnuva od evidencijata na zavodite za vrabotuvanje, bozem se namalila nevrabotenosta.

11

Анонимен

Me interesira dali nekoj vo ovaa drzava pomislil sto tocno se slucuva ,dali tuka roditeli od usta si delele i krediti zemale da gi izvadat decata na nekoj pat,koj sega ke mu gi vrati vlozenite pari ,koi uplakale za magisterski studii i sl.dali nekoj misli deka ova e stram za drzavata,po ova se gleda vo sto ziveeme,vo kreminal i diktatorstvo toa e slikata na nasata ni zemja.

11

jug

Se gordeam sto si ostanav srednist . Zlatna gimnazija. Sram da ti e da kazes deka si zavrsil fakultet vo poslednive 5 godini. diplomite posle 2008 nemaat nikakva tezina spored mene i obrazovanieto e na mala granka. zavrsija lugje fakultet bre batka a aber od nisto nemaat. Politicka rabota stana i znaenjeto vo ovaa drzava. Znaenjeto e mok,,,,,,,,,,, ama znaenjeto e ziva nervoza vo ovaa drzavicka. Kolku poveke znaes tolku poblisku si do nerven slom.

11

Анонимен

brat samo sto gi kaza moite zborovi,tesko ke bide vo idnina mnogu tesko posle se sto se slucuva poslednive nekolku godini

11

Анонимен

Изгледа не му е прв пат на Андреевски да ги изненади вработените......му поминало во навика,затоа инспекциите треба да преземат нешто,само мислам дека тој е со владеачката партија и од ова нема да има никаква санкција...

11
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.