27 професори си заминале од Европскиот универзитет

29.03.2013 | 17:08
Прочитано: 60255

27 професори и асистенти од Европскиот универзитет си заминале од професорските места поради неисплатени плати.

Информацијата за 24 Вести ја потврдуваат професорите кои напуштиле, но засега сакаат да останат анонимни. Според нив, последните две плати ги добивале на рака и не им биле исплаќани никакви придонеси. Сопственикот на колегиум ги информирал дека сметките му се блокирани и дека не може да ги исплаќа до јуни, по што повеќето од професорите и асистентите одлучиле да си заминат.

Екипата на 24 вести објаснување побара и од дел од студентите на Европскиот универзитет. Не сакаат да зборуваат пред камера, но потврдуваат дека дел од професорите навистина заминале. Велат дека веднаш им била најдена соодветна замена.

Ни сопственикот, Бојо Андревски не сакаше да даде изјава. Сметал дека засега немало потреба, а кога ќе имало самиот тој ќе не контактирал.

Од Министерството за образование велат дека  се информирани за заминувањето на група професори, но не знаат дали им е најдена замена и што се случува со предавањата. Од Просветникот инсперкторат, пак, велат дека во тек е инспекциски надзор и повеќе детали најавија за следната недела.

Дали заминувањето на професорите од Европски може да предизвика и одземање на акредитацијата – засега никој од надлежните  не може да каже, бидејќи процедурите биле сложени. Во Законот не постои прецизна одредба колку професори треба да има еден универзитет, но таа може да се пресмета индиректно,  бидејќи е прецизирано дека еден професор може да држи најмногу осум предмети.

На Европски има шест факултети  во прв и втор циклус на студии, со просек по 40 предмети по факултет. Во случај секој од професорите да држи по најмногу 8 предмети, тогаш секој факултет треба да има по пет професори или за шесте факултети во двата циклуси вкупно 30 професори.

Во законот има уште една нејаснотија околу  тоа дали сите професори мора да се во редовен работен однос, а јасно е определено и дека хонорарно професори  може да се регрутираат само од други универзитети или факултети со кои Европски има договор. Одговорот на сите овие дилеми треба да го даде Просветниот иснпекторат.


Елена Џугуманова

Коментари (32)

Анонимен

dobro mislis

11

Анонимен

za zal do tamu ni stasa obrazovanieto...ZA ZAL !!!

11
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.