60 илјади граѓани се потпишаа на иницијативата за спас на националниот парк Маврово

15.05.2014 | 16:55
Прочитано: 1196

За 30 дена на меѓународната електронска петиција 60 илјади граѓани од целиот свет се потпишаа на иницијативата за спас на националниот парк Маврово. 

Од невладиниот сектор посочуваат дека оваа граѓанска акција станува се помасовна. Целата е да се направат прецизни проценки за последиците од градежните зафати за изградба на хидроелектраните Бошков мост и Луково Поле.

Целокупната инвестиција за изградба на електраните според странските екологисти немаат економска оправданост, а загубите за животната средина ќе бидат непроценливи. 

Електронската петиција е испратена и до премиерот Груевски, но и до првите луѓе на меѓународните финансиери на проектите – Европската банка за обнова и развој и Светската  банка.

Според Владата изградбата на електраните ќе има огромно економско значење и нема да влијае врз животната средина во реканскиот регион. Наскоро се очекува и инфалната студија на Светска банка која треба да даде мислење и оценка за проектот.


Иле Петревски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.