ААВМУ: Радиодифузерите во вестите генерално ги почитуваат професионалните новинарски стандарди

24.08.2017 | 15:10
Прочитано: 1072

Радиодифузерите во вестите генерално ги почитуваат професионалните новинарски стандарди, покажува првиот десет дневен извештај од медиумското известување за Локалните избори 2017 на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ).

Кај повеќето медиуми, како што посочуваат во денешното соопштение од Агенцијата, забележливо е настојување да обезбедат повеќе разновидни ставови за прашањата и темите кои се обработуваат. Исклучок се мал број медиуми, кај кои може да се забележи тенденција да пренесуваат ставови на субјекти кои споделуваат иста позиција по одредени теми.

Мониторингот е извршен во периодот од 7 до 16 август 2017 година врз вкупната програма на телевизиските и радио програмските сервиси на државно ниво при што фокусот е ставен врз известувањето во една дневно-информативна емисија емитувана во ударното време.

Во Изборниот законик, како што истакнуваат од Агенцијата, не се утврдени конкретни правила за начинот на известување во вестите за периодот од распишување на изборите до почетокот на изборната кампања. - Оттаму, предмет на мониторинг во периодот пред почетокот на изборната кампања е почитувањето на професионалните стандарди и принципи за вршење на дејноста и забраната да се известува за активностите на власта во функција на изборно медиумско претставување, се наведува во соопштението.

Клучните наоди и поединечните извештаи за програмските сервиси кои беа предмет на мониторинг се содржани во Локални избори 2017: Извештај од медиумското известување за периодот од 7 до 16 август 2017, достапен на страната на Агенцијата www.avmu.mk.

 

 

This publication has been produced within the partnership with Osservatorio Balcani e Caucaso for the European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF), co-funded by the European Commission. The contents of this publication are the sole responsibility of media partner Mediapool.bg and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.