АБА: МЗТ Скопје потфрли во финишот – Задар со триумф од Скопје

10.10.2017 | 00:06
Прочитано: 597

Кошаркарите на МЗТ Скопје Ародром го претпеа првиот пораз пред домашната публика, но втор едноподгруго во АБА лигата. Задар во последната минута го реши натпреварот за триумф (80:85) во третото коло.

Со изедначени сили и рамноправната игра течеше натпреварот во Јане Сандански. Водството се менуваше наизменично на двете страни. Со три разлика Задар влезе во вториот квартал, 18-15, а водството го задржа само неколку минути во продолжение, кога МЗТ изедначи на 23-23, а потоа поведе и со 34-28 по шест минути игра. Сепак, Задар ја стопи разликата за на пауза да заминат изедначено 39-39.

Рамноправна битка се водеше и во третиот период. МЗТ минимално со 63-61 влезе во последните 10 минути, а на минута до крајот водеше и со 80-78. Сепак, кога најмногу требаше, потфрлија. Задар со серија од 7-0 во последната минута дојде до победата со пет разлика (80:85).

Јуре Лалиќ со 23 поени беше најдобриот поединец кај МЗТ Скопје, а одлично го следеше и Ерик Гарсија со 15 поени. По оваа пресметка, Металците веќе в четврток против Карпош Соколи во дербитo на стартот во домашното првенство. Во АБА лигата, пак следниот понеделник играат на гости против Игокеа.


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.