Адел триумфираше на годинешните музички награди „Греми“

13.02.2017 | 09:51
Прочитано: 4493

Адел триумфираше на 59тото издание на Греми наградите кое се одржа во „Стејплс“ центарот во Лос Анџелес. Таа ги освои наградите за најдобра песна, најдобра снимка, албум на годината, најдобра поп соло изведба и најдобар поп албум за албумот „25“.

Џејмс Корден, популарниот актер и автоводител како што го нарекуваат поради неговото популарно шоу каде светските музички ѕвезди пеат во неговиот автомобил, годинава за првпат се појави во улогата на водител.

Иако Бјонси имаше најмногу номинации, вкупно девет, таа годинава собори уште еден рекод, стана првиот музичар кој е номиниран во четири различни жанрови во иста година. Бјонси беше номинирана во категориите, поп соло изведба, рок изведба, урбан современ албум и рап изведба.

Дрејк, Ријана и Кание Вест имаа по осум номинации.

Раперот Ченс кој имаше шест номинации освои три награди за најдобар нов изведувач, рап албум и рап изведба, хеви метал групата „Мегадет“ ја освои наградата за најдобра изведба на песната „Дистопија“ од истоимениот албум, „Кејџ д елефант“ имаа најдобар рок албум „Кажи дека сум згоден“, сестрата на Бјонси, Соланж ја освои наградата за најдобра аренби изведба, а Бјонси ги освои наградите за најдобар современ урбан албум за албумот „Лимонада“ и за видеоспот за „Формација“.

На годинешното издание, беа доделени вкупно 89 награди. Греми и годинава им одаде почит и на музичарите кои минатата година заминаа во легендите. Адел емотивно ја отпеа песната „Брза љубов“ на Џорџ Мајкл, ќерката на Бјонси и Џеј Зи, Блу Ајви му одаде почит на Принс облечена во негов стил, а тоа го сторија и Мори Деј и Џими Џем од „Тајм“ со изведбата на „Слатко валкано“ и Бруно Марс, облечен како Принс со изведбата на песната „Ајде да лудуваме“.

На Греми настапија, Кит Урбан, „Металика“, Алиша Кис, Бруно Марс, „Деф панк“, Џон Леџенд и Кети Пери.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.