Аеросмит ја прекина турнејата во Јужна Америка - Стивен Тајлер имал здравствени проблеми

27.09.2017 | 10:23
Прочитано: 769

Американскиот рок бенд Аеросмит објави дека ја прекинува турнејата во Јужна Америка, бидејќи фронтменот на групата Стивен Тајлер (69) има здравствени проблеми.

Тајлер, на неговиот Твитер налог им порача на неговите фанови да не се грижат и оти тој е надвор од животна опасност, но дека мора итно да добие медицинска нега. Тој не прецизираше за што точно станува збор.

Пораката е упатена до сите во Јужна Америка - Бразил, Чиле, Аргентина и Мексико.

„Многу ми е жал, се чувствувам како да ве изневерив. Нема да можам да ги одржам последните четири настапи од оваа турнеја. Морав да се вратам во САД по лекарска препорака“, посочи Стивен.

Аеросмит, е формирана во 1971 година, се една од највлијателните рок групи во САД. Досега имаат продадено 66,5 милиони албуми во САД и 12 пати имаат добиено мулти-платинум награди за нивните албуми.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.