Ахмети – Изборите треба да бидат во април, во јули е самитот на НАТО и Рамазан

30.01.2016 | 16:35
Прочитано: 3138
ДУИ цврсто стои на ставот дека изборите треба да се одржат на 24 април. Не треба да се пролонгираат бидејќи може да има и тензии во државата, вели лидерот Ахмети.   Пред најтесното раководство на партијата, тој предупреди дека во јуни државата ќе се соочи со големи предизвици- Самитот на НАТО во Полска во јули и зголемениот прилив на мигрантите - а без институционална организација, вели  не може да ги изменаџираме овие ситуации.  Шефот на интегративците  истакна дека  неговите гласачи не сакаат да прифатат друг датум за избори, бидејќи во јуни се подготвуваат за рамазански пости.
 
Имаме проблем со името и за членување во НАТО треба  да се преговара, ако датумот се помести ќе го изгубиме самитот на НАТО. И не можеме да прифатиме друг датум, бидејќи нашиот електорат го чека и постење во јуни се рамазанските пости, изјави Али Ахмети
 
Ахмети  вели дека партиите ќе ја прифатат меѓународната поддршка за да се спроведат реформите во медиумите.  И порача на специјалната обвинителка да биде поактивна и да го реши случајот со прислушувањето.
 
Треба да му дадеме простор  на СЈО да работи професионално и да има резултат. Сите документи во илегалната фабрика, државните институции да бидат вклучени и да кажеме доста со фалсификати. Опасно е што овие материјали се наоѓаат во раце на луѓе што не и посакуваат добро на Македонија, изјави Али Ахмети
 
Ахмети ветува фер и демократски избори на 24 април. На иста линија е и премиерот Димитриев кој е задолжен за организација на предвремените избори. Но овие ставови не ги дели и лидерот на најголемата опозициска партија-Зоран Заев, кој вчера побара изборите да се одржат во јуни или јули.  
 
Последниот збор, сепак ќе го има меѓународната заедница.  Вчера амбасадорите на Европската Унија и Соединетите Американски Држави по посетата кај премиерот Димитриев порачаа дека меѓународната заедница до 20 февруари ќе оцени дали ќе има услови за спроведување на изборите во април, дали ДИК ќе успее да го прочисти избирачкиот список,  колку медиумите ќе известуваат објективно и дали партиските и државни активности биле одвоени во изборниот период.
 

Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.