Ахмети и Села нудат свој закон за албански јазик на СДСМ

16.02.2017 | 19:37
Прочитано: 18828
Али Ахмети ќе испорача нов закон за албанскиот јазик, откако тој што е на маса предизвика низа несогласувања кај партиските функционери на ДУИ и пратеници.
 
Лидерот на  ДУИ порача дека албанските партии нема да дозволат некој друг да им го крои законот за албанскиот јазик кој што е еден од клучните барања на ДУИ за да дададт согалснсот за нивните потписи. 
 
„Сигурно е дека партиите на албанците имаат свој предлог и нема потреба другите партии да ни даваат понуди, албанските политички партии иамат свој предлог за законот з аалбански јазик и нивниот предлог ќе го дадат тие“ - изјави Али Ахмети.
 
Токму предлог законоот се чешлал синоќа и на полноќната средба меѓу Али Ахмети и Зијадин Села, а во однсо на законот биле повикани и експерти. Партиски од партијата на Села, порачуваат дека главниот заклучок бил токму тоа дека законот од СДСМ  и преговарачката тројка не е доволен. Тоа го навести и лидерот на ДР-ДПА Села во интервју за Алсат М. 
 
„За нашите прашања, за нашиот јазик нема да чекаме да ни испрати предлог Заев или Груевски. Предлогот ќе го направиме самите и ќе ги уцениме тие да го поддржат“ - изјави Зијадин Села
 
Дел од преговарачите на ДУИ и денеска на ставот - законот е согалсно Уставот и охридскиот договор и дека како таков треба да биде прифатлив за сите. 
 
Откако стигна пакетот на СДСМ со се законот за албански јазик, двете крила јавно почнаа да ги спротиставуваат ставовите околу законот – кој не предвидува целосна двојазичност, а кој според дел од информациите е главната тема за преговори меѓу тимовите на СДСМ и на ДУИ. 
 
Пратеникот и носител во втората изборна единица на изборите Ејуп Халими вчера дури и јавно порача дека без целосна двојазичност преговарачите на ДУИ да не се шетаат по штабови. 
 
Јавните спротиставени ставови на членовите на ДУИ се очекува да кулминираат на ЦП на партијата кое се очекува викендов, Ахмети одби да прецизира кога ќе се одржи состанокот и повтори дека рок нема. Околу јавните прозивки на неговите функционери вели дека е демократија во ДУИ. Поделеноста на партијата беше видлива и на денешното одбележување на годишнината од конфликтот во 2001-та на кој не се појави потпретседателската тројка, меќу кои е и градоначалникот на Чаир Изет Меџити кој беше иницијатор на поставување на споменикот двоглав орел.  И додека ДУИ внатрепартиски се надмудрува – од СДМС чекаат потписи. 
 
„Во оваа фаза зборуваме за мандат за состав на влада, ниту зборуваме за содржина ниту зборуваме за форма и вид на владата и дали ќе се постави таков договор.“ -изјави Петре Шилегов 
 
Евроамабсадорот Жбогар како и неговиот шеф Хан, откако вчера побара брзо формирање на реформска влада, денеска од Берово вели дека состојбата не е драматична и треба да се даде доволно време на лидерите да се договорат. 

Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.