Активен пожарот над Кондово, не се зафатени куќите

13.08.2017 | 09:46
Прочитано: 2008

Пожарот на ридот над скопското село Кондово се уште е активен откако цела ноќ пожарникарите го гасеа огнот кој ја зафати областа над селото. Центарот за управување со кризи (ЦУК) по полноќ информираше дека околу селото е направен заштитен појас за да не се рашири пожарот.

Според информациите на надлежните институции во село Кондово нема зафатено куќи од пожарот и правецот на огнот поради ветрот е сменет, а екипите продолжуваат да работат на терен.

Од Центарот за управување информираа дека во гасењето на огнот синоќа учествувале 4 цистерни, 25 пожарникари, 9 возила на Територијалната противпожарна единица и 50 лица од месното население, а помош е побарана од Општина Сарај, од Град Скопје за дополнителни сили од комуналните служби и цистерни со вода од ЈП„Водовод и канализација“ и ЈП„Комунална хигиена“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.