Албанија доби нова Влада со старо нов премиер

13.09.2017 | 10:17
Прочитано: 586

Албанскот Парлемент, по маратонска речиси целодневна распарава, со 78 гласови „за“ и 51 „против“ утрово ја избра новата Влада, со старо новиот премиер, социјалистот Еди Рама.

Освен премиерот, Владата ја сочинуваат еден потпретседател, двајца државни секретар и 11 министри.

Потпретсадателка во Владата е Сенида Меси, додека Пандели Мајко и Сонила Ќатоа се државни секретари за дијаспора односно за заштита на претприемништвото.

Старо нов шеф на дипломатијата ќе биде Дитмир Бушати, прв полицаец и понатаму ќе биде Фатмир Џафај, министерка за одбрана Олта Џачка, за правда Етилда Ѓонај. На чело на Министерството за финансии, економија и труд ќе биде Арбен Ахметај, министер за образование и млади Линдита Никола, Министертвото за инфраструктура и енергетика ќе го раководи Дамиан Ѓикнури, за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу. На чело на секторот за земјоделство и рурален развој ќе биде Нико Пелеши, за туризам и животна средина Бленди Клоси, додека секторот култура и понатаму ќе го раководи Мирела Кумбаро.

Во понеделникот Рама ги презентираше приоритетите на Владата за следните четири години со акцент на економијата, туризмот, правосудството и евроинтеграцијата.

Тој вети намалување на јавниот долг, економски раст од пет проценти во третата година од владеењето, отворање 220.000 работни места, намалување на сиромаштијата. Премиерот најави и продолжување на реформите во правосудството, борбата против организираниот криминал, елиминирање на одгледување на марихуаната, право на глас на дијаспората, реализација на многу проекти во инфраструктурата.

Лидерот на опозициските демократи Љуљзим Баша упати остри критики, обвинувајќи ја владата „Рама 1“ дека во изминатите четири години не направила ништо туку само го зголемила јавниот долг, невработеноста, сиромаштијата и егзодусот на албанските граѓани.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.