Александар Стуџински е победник на 31 от Охридски олимписки маратон

19.08.2017 | 20:02
Прочитано: 6441

Германецот Александар Стуџински е победник на 31 от Охридски олимписки маратон.Тој за 5 часа 15 мин и 14 секунди ја исплива 30 километарската ,,Климе Савин" од Св.Наум до градското пристаниште.За секунда покасно на финишот доплива и нашиот маратонец Евгениј Поп Ацев.Спортската атракција со неизвесен крај.За трофејот рамо до рамо се до финишот неуморно се бореа петмина учесници меѓу кои и нашиот Поп Ацев победник на маратонот во 2015 година.

„Не очекував дека ќе победам затоа што минатата година имав повреда на рамото,но сепак се обидов и на моја среќа успеав прв да стигнам до целта иако беше навистина тешко“, вели Александар Стуџински.

„Во линија со четворица пливачи во последните педесет метри е... Сега второ место, јас сум задоволен иако идев на победа, но на крај  Стуџински имаше поголема сила и енергија и победи. Му честитам“, вели  Евгениј Поп Ацев.

Неизвесна, а во исто време и атрактивна беше битката и кај петте жени, но сепак на пиедесталот се искачи Италијанката Барбара Позобон со извонредно време од 5 часа 15 минути и 51 секунда.

„Ова за мене е голем успех мн сум задоволна и среќна, тешко беше -поради конкуренцијата инаку водата беше одлична како и организацијата“, вели Барбара Позобон.

На трката од Св.Наум до градското пристаниште денеска езерото го брануваа 22 пливачи,17 од машка и 5 од женска конкуренција. Извонредната организација и оваа година го направи маратонот вистинска сензација за домашните и странски гости кои го исполнија градот до последно место.


Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.