Алијанса за Албанците со митинг во Тетово, ДУИ и Беса на средби со граѓани

26.09.2017 | 19:10
Прочитано: 692

Започна трката и во албанскиот политички блок, под слоганот „Заедно“, ДУИ ја започна кампањата и граѓанинот ќе биде во фокусот на вниманието, а дел од понудата ќе бидат побрзи и поефикасни решенија, модерна инфраструктура, поквалитетен живот преку конретни проекти.

Беса ја започна кампањата од градскиот плоштад во Тетово каде канидат е и лидерот Билал Касами кој вети подобрување на инфраструктурата, подобра хигиена на градот и подземни гаражи, намалување на загадувањето. Тој вети дека нема да има политичари кои ќе го осиромашат народот за тие четири години.

Под мотото „Вистината за Гостивар“, вчера и Алијанската за Албанците одржа конвенција при што беа промовирани кандидатите за градоначалници на Куманово, дебар, Чаир и Гостивар како и носителите на листите на членовите на општинските совети, а вечерва ќе започне и мивниот митинг.

 


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.