Алтхаузер: Постои излез, ќе треба да се формира Влада

20.04.2017 | 14:04
Прочитано: 6695

Неопходно е итно формирање на влада и избор на нов собраниски спикер - порача германската амбасадорка Кристине Алтхаузер која беше во посета на Кочани. 

„Постои излез и постои пат, а тоа е имаме изборен резултат, ќе треба да се формира Влада, првин ќе треба да следи избор на спикер на Собранието. Задачите се веќе на маса и со реформите ќе мора да се започне што е можно поскоро, а потоа ќе дојдат и локалните избори на ред, меѓутоа како што кажав по редот кој што го наведов“, изјави Алтхаузер.

 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.