Амбасада на САД:Владата да ги смени „законите за бомби и за свиркачи“ пред да се распушти Собранието

25.03.2016 | 17:01
Прочитано: 3465
Не стивнува меѓународниот притисок до власта за мислењето на венецијанската комисија. По Брисел денеска и Вашингтон со јасна порака препораките за тн. закон за бомби и свиркачи да станат дел од законите пред да се распушти Собранието.
 
Амбасадата ќе продолжи да ја охрабрува Владата за измени на законите за приватност и за свиркачи за да ги вметне препораките од веницијанската комисја пред Собранието да се распушти на 7 април.
 
Од Владата без коментар за пораката на амбасадорот Џес Бејли. Не одговорија ниту дали мислењето на венецијанската комисја се нашло на дневен ред и дали Владата го овластил министерството за правда да подготви измени на законите. Во правда пак и денеска молк. Минситерот Аднан Јашари не договараше на телефонските повици да каже до каде е анализата, но и да одговори дали планира да ги испочитува препораките на амбасадорскиот двоец Бејли – Орав кои и лично му сугерирале дека мислењето на венецијанската комисија со кое се бара сериозна ревизија на законите треба да биде имплементирано. И додека меѓународниот фактор притиска, партиите го чекаат Јашари, нему да му ги кажат забелешките, а времетото до распуштање на Собарнието поминува.
 
Само 12 дена им остануваат на политичките партии да ги имплементираат забелешките на Венецијанска комисија. Доколку изборите се одржат на 5 јуни, Собранието ќе се распушти на 7 април, што значи дека ако дотогаш не се имплементираат препораките од Венецијанската комисија, нема да бидат преточени во законски норми. Ако се пропушти овој рок, следната шанса за имплементација на овие забелешки ќе биде дури кон крајот на јуни, односно откако ќе се конституира новиот парламентарен состав. Кога се договорија законите лидерската четворка се договори препораките на венецијанската комисија да бира обврзувачки и да се имплементирата за 5 дена.
 
Венецијанската комисија препорача сериозна ревизија на Законот за заштита на приватност. Во објавениот текст со мислење  Комисијата при Советот на Европа предлага дека законот треба да дозволи да продолжи објавувањето на материјали кои се од јавен интерес и притоа попрецизно да се разграничи каде завршува јавниот, а каде почнува приватниот интерес. 

Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.