Амбер Хард ги тужи продуцентите поради вметнати секс сцени

06.04.2017 | 10:28
Прочитано: 2659

Американската актерка Амбер Хард изгледа решила годинава да ја мине по судови.

По напорниот развод со Џони Деп, сега таа бара правда и во битка со своите соработници.

Имено, откако продуцентите на филмот „Лондонски полиња“ ја тужеа поради непочитување на договорот, глумицата се одлучи на противтужба. Таа тврди дека продуцентите на филмот снимиле еротски сцени со нејзина двојничка, но без нејзино знаење и дозвола.

„Се договоривме да нема такви сцени и затоа ја прифатив улогата“, вели Амбер.

Премиерата на „Лондонски полиња“ е закажана за оваа година, но точниот датум се уште не е познат. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.