Анѓушев: Граѓаните нема да ги плаќаат мерачите за парно греење

18.12.2017 | 17:26
Прочитано: 1811

Mерачите за топлинска енергија за радијаторите ќе бидат задолжителни за сите кои се приклучени на системот за централно греење, но за тоа нема да плаќаат граѓаните, тврди Анѓушев. Владата бара начин како да се покријат трошоците за калориметрите, за кои првичните проценки се дека ќе чинат по 50 евра за секој радијатор.

„Тоа не е точно и затоа што е дезинформација којашто се шири. Тоа ќе биде регулирано со подзаконски акти и граѓаните нема да имаат трошоци по таа точка. Ќе има различни начини како тоа да се реши и еден од тие е преку ваквите фондови да бидат обезбедени сретства за воведување на калориметри и тука државата може да помогне и да не биде на товар на граѓаните.“ - вели Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања.

За набавка на мерачите, кои ќе бидат задолжителни од следната грејна сезона, Владата преговарала со повеќе институции меѓу кои и со Хабитат и Зелениот климатски фонд. Анѓушев уверува дека калориметрите се потребни за да биде јасно кој колку потрошил и кој колку треба да плати.  Во предлог - законот за енергетика, кој владините министри го претставуваат како европски, не е предвидено да се укине обврската исклучените од системот за парно греење да плаќаат фиксен надоместок, со образложение дека добиваат топлина од нивните соседи.

Новиот закон за енергетика треба да биде донесен до март следната година.


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.