Анѓушев: Владата ќе бара трајно решение за проблемите во „Колска“

11.09.2017 | 11:23
Прочитано: 1146

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев имаше средба со претставниците на синдикатот на вработените во Фабриката за шински возила „Колска“ од Велес, соопшти денеска неговиот кабинет.

Вицепремиерот Анѓушев ги ислушал барањата на вработените од Колска и ги уверил дека Владата ќе работи да го надмине проблемот, а вработените да ги добијат своите примања. 

- Проблемите на вработените во Фабриката за шински возила Колска не се од вчера, всушност овие проблеми се со подолг рок и се влечат веќе со години. Владата ќе го реши проблемот и вработените ќе добијат плата. Но, во исто време целта на Владата е да се најде трајно и системско решение, со кое фабриката ќе има работа, а вработените навремено ќе ги добиваат своите примања, како и социјално и зравствено осигурување, потенцирал вицепремиерот Кочо Анѓушев.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.