Apple TV ќе ja има најдобра слика до сега

11.09.2017 | 21:44
Прочитано: 2439

Според протечените информации за претстојната петтата генерација на Apple TV се открива дека ќе има поддршка за видео во 4K HD резолуција со исполнување и на HDR10 и Dolby Vision визуелните стандарди.

За стриминг на видеа преку новиот Apple TV систем ќе биде потребна и интернет конекција од најмалку 15Mbps. Конзолата на Apple TV ќе работи со A10 Fusion процесорот и 3 GB RAM, па наскоро се очекуваат повеќе детали за пласманот и цената.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.