АВМУ: Нема потреба од нов закон за медиуми

24.09.2017 | 20:07
Прочитано: 1260

Агенцијата за аудио и аудиовизуени медиумски услуги не е вклучена во изготвувањето на новите измени на законот за медиуми, но директорот Трајчевски вели дека не е потребен нов закон, зашто проблемот не е во законите туку во нивната имплементација. Фокусот треба да се стави, смета тој, на професионализација на медиумите, работење според новинарски стандарди, принципи и етика, зголемување на достоинството на новинарската професија и нивната безбедност во работењето.

„Сметам дека се работи за работна верзија која се изработува. Логично е да има јавна расправа и да бидат вклучени сите субјекти кои се засегнати од законот, во најмала рака смешен и спротивен на европските директиви“, вели Зоран Трајчевски - директор на АВМУ.

За Агенцијата  особено лошо е укинувањето на радиодифузната такса, која се покажала како погодна за различни партиски предизборни ветувања. Доколку Собранието го изгласа законот, јавниот сервис и Агенцијата ќе добијат 0,7 проценти од буџетот на годишно ниво.

„Потполно рушење на финансиската независност на Агенцијата која ја регулира работата на медиумите и ставање под капа на Владата. Ако постоела таква пракса ќе била применете и во другите европски земји. Значи ова е чист популистички чин со  кој што сакаат да се исполнат изборни ветувања и на позицијата и на опозицијата не водејќи притоа сметка дека  се уништува еден сектор“, вели Зоран Трајчевски - директор на АВМУ.

Мониторингот на Агенцијата за известувањето на медиумите во пред изборите досега покажало дека само кај мал дел има подигнување на професнионалните стандарди. Од друга страна пак, Телевизиите тв Нова и Алфа, како Радио Слободна Македонија известувале само за активностите на една политичка партија.  

This publication has been produced within the partnership with Osservatorio Balcani e Caucaso for the European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF), co-funded by the European Commission. The contents of this publication are the sole responsibility of media partner Mediapool.bg and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.