АВМУ: Од полноќ запираат сите облици на медиумско претставување за изборите

13.10.2017 | 11:10
Прочитано: 781

Од полноќ завршува изборната кампања за првиот круг од локалните избори и почнува изборниот молк, кога може да се известува за изборите и текот на гласањето, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување, соопшти денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

„Според изборниот законик за прекршување на изборниот молк ќе се смета емитување било какви информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат на одлуката на избирачите, податоци кои го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта“, се вели во соопштението од АВМУ.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.