Балканот зафатен од поларна зима

10.01.2017 | 18:27
Прочитано: 1693
Незапаметено невреме и минусни температури ја парализираа и Европа. Веќе една недела ситуацијата е алармантна и во Србија , БиХ, Грција, Полска, Хрватска. 
Атмосфера врнежи снег.
Вонредна состојба во неколку општини, црвен метео аларм, температури под нулата, врнежи од снег, ваква е сликата во Србија во последните 5 дена. Студот денеска одзеде два човечки животи, а околу 50 села и повеќе од 2 000 жители и понатаму се отсечени од цивилизација. Под мраз се реките Дунав, Сава и Тиса, и водниот сообраќај  во моментов е во прекин.
 
Граѓаните велат:
 
„Јас не сум за вакво време... вака не, ова досега не било вакво, колку што се сеќавам јас“
 
„ Да беше во 2011 година замрзната, дури тогаш беше многу повеќе замрзнато, сега се надеваме дека нема да биде исто, меѓутоа со оглед на ситуацијата критично е.“
 
„Не памтам но сигурен сум дека некогаш била замрзаната, тоа беше одамна има поминато сигурно некој 20тина години .“ 
 
Заковани во снег и мраз се и Босна и Херцеговина и Хравтска, најниската температура достигна минус 30 степени. Училишниот распуст во Босна и Херцеговина е продолжен, а издадени се и препораки од властите за скратено работно време.
 
Под снег е и цела Грција. Невообичаено ниските температури ги затворија училиштата и градинките во Атина. Локалните власти ги превземаат потребните мерки за стабилизарње на ситуацијата. 
 
Студеното време одзеде неколу човечки животи. За само 24 часа од хипотермија починаа 6 лица во Полска. Властите апелираат да им се помогне на најзагрозените бидејќи температурите се спуштаат и под минус 20 степени, а на територијата на цела Европа за само два дена од студот починаа повеќе 50тина  лица.

Сандра Бошковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.