Балканот зафатен од снежен бран, што ја чека Македонија

14.11.2017 | 19:05
Прочитано: 23519

Жолт и црвен метео аларм во повеќе делови од Балканот. Снегот и дождот предизвикаа колапс во регионот, затворени се автопати и некои локални сообраќајници. Словенија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и Србија се зафатени со невреме проследено со снег, дожд и силни ветрови.

Во Сараево падна снег, како и во поголемиот дел на Босна. Снежни врнежи се очекуваат и во наредните денови. Во Хрватска поради силна бура е затворен автопатот А1 и јадранската магистрала, додека на повеќе патишта во Горски Котар има проблеми во одвивањето на сообраќајот, а важи забрана за движење на камиони. Обилни врнежи од дожд и снег има и во Црна Гора, со што водостојот на неколку реки значително е зголемен. Поради врнежите од дожд во Црна Гора во сила е црвен метеоаларм. Во Словенија освен во одредени делови каде што врне дожд и снег, главно е суво, но силни ветрови има во источниот дел на земјата. На словенечкото и на хрватското приморје проблеми предизвикуваат силните ветрови кои дуваат и со над 100 километри на час. На словенечкото приморје поради силната бура и снегот, без струја останале илјадници домаќинства. Во Србија на пониските места има врнежи од дожд, а на повисоките од снег, со значителен пад на температурата. Според прогнозите, врнежите ќе продолжат и наредните денови. Овој бран е последица од циклонска активност над јужна Италија.

 


Христо Марковски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.