Барања за демарш по европското идентификување на македонците во Албанија како Бугари

16.02.2017 | 18:14
Прочитано: 2805
Македонската алијанса за европска интеграција од Албанија, Македонско друштво „Илинден” од Тирана и Светскиот македонски конгрес реагираат на Извештајот за напредокот на Албанија за членство во ЕУ, усвоен од Европскиот парламент. Во документот Македонците во областите Голо Брдо, Мала Преспа и Гора се наведуваат како Бугари. 
 
Именувањето на македонците во овие области како бугари е направено  по предлог на бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски. 
 
„За прв пат Европскиот парламент ја прозива Албанија да го признае овој историски факт и да ги гарантира правата. Тоа се наши сонародници кои живеат во мала Преспа, Голо Брдо и Гора. Тоа се региони во источната област на албанија близу до границата со Македонија и историски поврзани со Бугарија“ вели бугарскиот европратеник Андреј Ковачев. 
 
Потсетуваме дека на целата територија на Република Албанија, и посебно во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора не живеат Бугари, туку само Македонци, реагираат од друштвото Илинден. 
 
„Од Албанската и од Македонската влада бараме да испратат остар демарш до Брисел и Софија за нотификацијата на лажна бугарска историја во европските службени документи и за преименувањето на Македонците во Албанија за Бугари“ - велат од македонското друштво „Илинден“ - Тирана.
 
Светскиот македонски конгрес, осудувајки го извештајот, исто така побара демарш до Брисел и до Софија за преименувањето на Македонците во Албанија. 
 
„Софија продолжува со политиката на антимакедонизам, како официјална политика за негирање на македонскиот народ по сите основи и за влошување на добрососедските односи со Македонија.“ - велат од Светскиот македонски конгрес.
 
Македонското друшптво Илинден бара активни мерки против „денационализаторската политика што веќе неколку години организирано ја води Софија со незаконско издавање на бугарски државјанства на Македонците во Албанија“ додека Светскиот македонски конгрес упати и апел до сите Македонци да се откажат од бугарскиот пасош поради ризик од декларација за „бугарско потекло“. 

Александар Пешев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.