Батериите - причина за палење на телефоните на Самсунг

24.01.2017 | 14:24
Прочитано: 7356

Компанијата Самсунг соопшти дека проблемите во производството на батериите и недостатоците во дизајнот на телефонот се причина за „срамниот и скап“ неуспех на нивниот смартфон „Galaxy Note 7” поради што јужнокорејската комапнија им се извини на клиентите и добавувачите, пишува американскиот весник „Њујорк тајмс“

Претставниците на Самсунг и независни експерти на конференцијата за новинари во Сеул соопштија дека батериите на два добавувачи имаат недостатоци кои овозможиле загревање на уредите и палење на дел од нив. Тие исто така укажаа и на грешката во дизајнот на телфоните, како што е невообичаениот простор меѓу електордите на батериите 

„Искрено се извинуваме поради проблемите и грижите кои им ги создадовме на нашите клиенти“, изјави директорот на Одделението за производсто на мобилни уреди, Кох Донг - Џин на конференцијата во Сеул, додавајќи дека компанијата презема одговорност.

Самсунг соопшти дека ќе формира советодавна група за батерии, составена од надворешни советници, академици и експерти за истражување, за да се осигура дека безбедноста и иновациите  во областа на батериите секогаш јасно и објективно согледуваат.

Поради овој скандал, Самсунг , како најголем светски произведувач на смартфони, есента повлече 2,5 милиони смартфони ширум светот, откако потрошувачите се пожалија на палење на нивните уреди, што доведе до тоа американскиот регулатор да забрани користење на тие уреди во авион.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.