Белорусинка е првата светска Мис во инвалидска количка

08.10.2017 | 11:51
Прочитано: 1736

Александра Чичкова од Белорусија е избрана на светскиот натпревар  за Мис во инвалидска количка, прва таква манифестација што се одржа во Варшава.

Чичкова има 23 години и студира психологија. На гала манифестацијата учествуваа 24 млади жени од 19 држави.

„Целта на манифестацијата е да се смени сликата за жените во инвалидски колички“, изјави Катарзина Гиналска, една од организаторите и претседател на жирито.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.