Бен Афлек на лекување од алкохолизам

15.03.2017 | 10:29
Прочитано: 2166

Американскиот глумец Бен Афлек (44) заврши во институција за лекување од алкохолизам, а на социјалните мрежи објави дека главна причина за тоа е тоа што сака да стане „најдобар татко, колку што е тоа можно".

„Сакам моите деца да знааат дека не е срамота да добиеш помош кога ти е потребна, и да бидат извор на сила за сите оние на кои им е потребна помош, а коишто се плашат да го преземат првиот чекор... Ова е првиот од многуте чекори кон моето опоравување“, напиша Афлек на Фејсбук, притоа заблагодарувајќи и се на својата се уште законска сопруга Џенифер Гарнер.

Афлек и Гарнер, кои се во брак 12 години и заедно имаат три деца, во 2015 година најавија развод, но по се, изгледа на тоа поле дуваат се попозитивни ветришта.

„Го завршив третманот за одвикнување од зависноста од алкохол, нешто со коешто се борев во минатото и со кое ќе продолжам да се борам“, пишува тој натаму.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.