Без критериуми и со тајни договори се договарале странските инвестиции

13.09.2017 | 14:17
Прочитано: 4427

 

Милионски суми се одлевале од буџетот,  а странските инвестиции се договарале со тајни договори и без критериуми  во десетгодишното владеење на  Никола Груевски - ова  на прес конференција го обелодени владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Анализата на трошоците која ја изготви новата Влада покажала дека еден вработен кај странските инвеститори ја чинел државата по 11.000 евра.

„Конечните бројки велат, дека биле дадени над 225 милиони евра, дека влегле 25 компании на странски инвеститори кои вработиле 20.000 лица. Поранешната Влада на Република Македонија потрошила пари од буџетот во просек по 11.000 евра по едно работно место. Дополнително на ова, повеќето од овие вработувања не биле нови вработувања туку биле работници преземени од македонското стопанство. Ова е сумираниот резултат од декласификација на договорите склучени во затворен круг и кои биле затворени за јавноста. Договори со кои се игнорирало македонското стопанство. Китериуми не постоеле. Преговарале министри, советници, промотори без никакви критериуми“, вели Миле Бошњаковски - портпарол на Влада. 



 

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.