Битолските средношколци наместо на настава на улица против двојазичноста

20.03.2017 | 18:43
Прочитано: 10983

Ученици од средните училишта во Битола денес ја прекинаа наставата со нивниот протест против, како што велат, наметнатата потреба од изучување на албанскиот јазик. Со денешниот протест сакаме да го изразиме нашето незадоволство кон моменталната политичка ситуација и да испратиме порака дека нашиот јазик е македонскиот – велат средношколците.

Учениците по Широк сокак, низ Партизанска поминаа пред Општина Битола, а протестот продолжи во дворот на средното економско училиште “Јане Сандански”. Средношколците велат дека самите се организирале преку социјалните мрежи, а најавија дека истиот ќе продолжи и утре.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.