Бизнисот со приоритети

19.03.2017 | 17:43
Прочитано: 1365
Бизнис конфедерацијата од новата Влада ќе побара ист третман на домашните компании како странските директни инвестиции. 
 
Ова го соопшти првиот човек Миле Бошков по средбата со струмичките стопанственици за да ги слушне нивните потреби за воспоставување дијалог. Според него, домашните компании се општествено поодговорни и имат потенцијал за отварање нови работни места доколку се во ист кош како и странските
 
„И македонските бизнисмени знаат да го развиваат бизнисот на ист начин како што знаат и странските директни инвеститори. Од друга страна, македонските компании сметаме дека се општествено одговорни и насочени кон благосостојбата на македонските граѓани и на вработените во самите компании“, изјави Миле Бошков, Бизнис конфедерација
 
Од Бизнис конфедерацијата апелираа за надминување на политичката криза која негативно се одрзува на економските текови. Во ваква ситауција домашните компании трпат загуби а странските и понатаму добиваат бенефиции. 
 
Во струмичко како странски директни инвестиции се водат Агрофруктус кој од јануари ги отпушти сезонските работници и не врши откуп и „Џонсон контролс“ кој доби 37 илјади метри квадрати државно земјиште за годишен закуп од три илјади 700 евра.

Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.