Богов - Македонската економија е добро подготвена ако дојде до нова светска економска криза

12.02.2018 | 17:33
Прочитано: 943

Пo остирот пад на американската берза од почетокот на изминатата недела, светот во исчекување на нова економска криза. Гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов со предупредување дека се можни турбуленции и во Македонија, но уверува дека во изминатиот период се преземени низа мерки за зајакнување на домашната економија.

„Во последните години имаме намалување на буџетскиот дефицит и наредниот период ќе дојде до стабилизрање на јавниот долг. Во јануари беше издадена еврообврзница во поголем амбиент, значи позитивно, се избегнува периодот на нестабилности и се обезбедуваат финансиите до наредната година.“ - вели Димитар Богов, Гувернер на НБРМ.

Сепак Гувернерот Богов не очекува да се повтори економскта криза од 2008 година. Според него нервозата кај играчите на финансиските пазари е предизвикана од очекуваното повлекување на сета ликвидност која беше вбризгана во изминатите 10 години и последните две години доведе до многу силен економски раст и нагорен тренд во светската економија. Гувернерот очекува продолжување на економскиот раст, поради што извесен период Македонија нема потреба од зголемување на референтната каматна стапка, туку дури може да се размислува и за нејзино намалување, но тоа ќе зависи од повеќе фактори.

„И тоа прашање не се исклучува, се зависи како ќе се одвуваат прашањата околу оние неекономски ризици, фискалната политика, платниот биланс, исклучувањата на девизниот пазар, поврзаност со каматната стапка и политиката на европската централната банка “ - вели Богов.

Длабокиот минус на берзите од Волстрит се пресели и во Азија. Рекордни загуби претрпеа и берзоте во Токио и во Хонгконг бележи минус од скоро пет проценти, а слична и состојбата во Шангај. Загуби има и кај јужнокорејски и австралиски акции, но и акциите на европските берзи. Еднонеделн пад претрпе и македонската берза.


Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.