Бонева бара извинување од Шилегов, обвинувањата биле лажни и злонамерни

22.01.2014 | 19:08
Прочитано: 1000

Обвинувањата за криење на имот од Антикорупциската комисија и несразмерно богатење е лажно и злонамерно и со цел да му се наштети на мојот углед, угледот на моето семејство и на угледот на партијата.

Ова се наведува во реакцијата на шефот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева на пресот на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, кој обвини дека Бонева  во Анкетниот лист не пријавила стан во Скопје, кој, според опозициската партија, бил во сопственост на нејзиниот син.

„Силвана Бонева не крие ништо ни од Антикорупциската комисија ниту пак од јавноста – секоја промена во мојот Анкетен лист е уредно пријавена, евидентирана и достапна на јавноста“, се вели во реакцијата. 

Таа истакнува дека на 26.07.2013 год поднела Пријава за промена на имотната состојба до Антикорупциска комисија, со која известила дека сиот недвижен имот на нејзиниот сопруг содржан во претходниот Анкетен лист стекнат со наследство, сопругот ги подарил на нивните синови, кои не живеат повеќе во заедничко семејно домаќинство со родителите.

Притоа Бонева потсетува дека според Законот за спречување на корупцијата имот на нејзините деца престанал да биде составен дел од нејзиниот Анкетен лист, откако не живеат повеќе во заедничко домаќинство.

Бонева изрази жалење што Антикорупциска комисија и покрај доставената Пријава од Анкетниот лист не ја избришала пријавената заштеда на име на синовите, бидејќи се известени дека повеќе не сме заедничко семејно домаќинство и ги повикува членовите на комисијата да ја исправат грешката.

„Дали моите синови, едниот софтверски инженер а другиот магистер по Евроинтеграции од Универзитетот во Бон - Германија, како возрасни луѓе кои својата егзистенција веќе повеќе години ја обезбедуват во европските земји и имаат посебни семејни домаќинства, само заради тоа што мајка им е координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ немаат право ниту на сопственост, ниту на наследство, ниту на поклон и помош од родителите и единствените им баба и дедо? И дали немаат право да го искористат наследениот имот – куќата, викендичката и земјоделските површини за стекнување на нов имот? Тоа ли е Вашиот основ да зборувате за криминал?“, се вели во реакцијата на Бонева.

Таа го повикува портпаролот на СДСМ јавно да се извини за, како што истакнува, искажаните клевети, во спротивно ќе биде принудена правдата да ја бара на суд.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.