Борисов стигна во Струмица – Заев го пречека пред водочкиот манастир

23.11.2017 | 12:15
Прочитано: 3511

Под силно полициско обезбедување премиерот на Бугарија  Бојко Борисов  стигна во Струмица на заедничката седница на двете влади.

Делегација на бугарската влада стигна со два хеликоптери, а премиерот Зоран Заев го пречека бугарскиот колега пред водочкиот манастир „Свети Леонтиј“ во Струмица.

Во моментов зад затворени врати  трае владината седница,  а се очекува потпишување на десетина билатерални договори  од областа на надворешната политика, инвестициите, енергетиката, одбраната и туризмот.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.