Бостон ја прекина серијата 16 победи по ред на Бостон, Оклахома го надигра шампионот Г.Стејт

23.11.2017 | 11:50
Прочитано: 438

Кошаркарите на Бостон во Мајами беа немоќни и ја завршија имресивната серија од 16 победи во низа.

Домаќинот славеше со 104-98, заслужено откако од стартот го наметна своето темпо, поведе двоцифрено и на паузата заминаа со 54-41.

Со ист ритам продолжи и во третиот квартал, а Бостон иако се разбуди во последните 12 минути и го доби со 10 коша разлика, сепак тоа не беше доволно за продолжување на победничката серија. Горан Драгиќ го предводеше Мајами со 27 поени, 5 скока и 4 асистенции, додека во третиот пораз на Бостон, стандардно Кајри Ирвинг се истакна со 23 коша.

Од останатите натпревари вредна за извојување е победата на Оклахома, која по тешките порази од Сан Антонио и Њу Орлеанс успеа триумфално да се врати и тоа во дербито против шампионот Голден Стејт со 108-91.

Најзаслужен беше Расел Вестбрук, на кого му недостигаше само една асистенција за трипл -дабл ефект, бидејќи реализира 34 поени, 10 скока и застана на 9 асистенции. Во петтиот пораз на шампионот Стеф Кари беше прв поентер со 24 коша, а Кевин Дурент против поранешната екипа уфрли 21 поен.

Резултати:
Шарлот – Вашингтон 129-124
Кливленд – Бруклин 119-109
Филаделфија – Портланд 101-81
Алтанта – ЛА клиперс 103-116
Мајами – Бостон 104-98
Њујорк – Торонто 108-100
Хјустон – Денвер 125-95
Мемфис – Далас 94-95
Минесота – Орландо 124-118
Њу Орлеанс – Сан Антонио 107-90
Оклахома сити – Голден Стејт 108-91
Феникс – Милвоки 107-113
Јута – Чикаго 110-80
Сакраменто – ЛА лејкерс 113-102


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.