Брест е домаќин на завршниот турнир во СЕХА лигата

20.03.2017 | 13:10
Прочитано: 1053

Брест Мешков е градот домаќин на завршниот турнир во СЕХА лигата. Белорускиот првак во последните години секогаш беше во најтесниот круг за организатор на Ф4 завршницата и оваа година конечно ја доби улогата. До сега завршниот турнир во регионалното натпреварување се одржуваше во Скопје, Нови Сад, Веспрем и Вараждин. 

Со гостинскиот триумф над Загреб во последното коло, Мешков обезбеди пласман на Ф4, а денеска и официјално беше потврдено дека ќе биде домаќин на турнирот кој ќе се игра од 7 до 9 април. 

Македонскиот шампион Вардар ќе биде дел од битката за титулата, откако црвено-црните во претходните две сезони во финалето губеа од Веспрем. Во полуфиналните натпревари Вардар ќе игра со Загреб, а домаќинот Брест Мешков со актуелниот СЕХА првак Веспрем. 


Ивана Митровска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.