Британците на 29 март со барање за излез од ЕУ

20.03.2017 | 18:01
Прочитано: 711
Британската премиер Тереза Меј следната среда и официјално ќе го извести Брисел дека Велика Британија ја напушта унијата а амбасадорот на Обединетото кралство во ЕУ, за ова веќе го информирал европскиот совет. 
 
Според членот 50 од лисабонскиот договор, Британија не може официјално да го започне процесот се додека претходно не ги извести членките на ЕУ. 
 
„Рековме дека тоа ќе биде до крајот на март и сметаме дека би било корисно да кажеме кога ќе се случи тоа.Ние сакаме преговорите да почнат веднаш. Очекуваме дека тоа ќе биде двегодишен процес и убедени сме дека ќе го постигнеме тоа. Велика Британија ќе излезе од ЕУ на 29 март 2019 година.“ -Изјавија од кабинетот на британскиот премиер...
 
Претседателот на европскиот совет, Доналд Туск, најави дека во рок од 48 часа на членовите на европската унија ќе им го претстави нацрт упатството за преговорите за Брегзит. Според портпаролот на Европската комисја, унија е подготвена за започнување на процедурата за излегување на Велика Британија.
 
„Од наша страна се е подготвено. Комисијата најпрво ќе ги утврди правилата а веднаш потоа ќе даде и препорака за да започнат преговорите. Ова е правниот аспект. После тоа советот ќе одобри започнување на преговорите и формално ќе му го даде мандатот на преговарачот на Европскат унија, Мишел Барние.“ - изјави портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Шинас.
 
На референдумот кој се оддржа на 23 Јуни минатата година, 51,9 проценти од жителите на Британија се определија за напуштање на Унијата, додека 48,1 отсто гласаат за земјата да остане членка на унијата.

Стојанчо Мицевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.