Британија го бојкотира „Јутјуб“

06.04.2017 | 10:53
Прочитано: 2689

Откако е откриено дека огласите на владините институции во Велика Британија, големите компании и познатите брендови, на „Јутјуб“ се прикажувани со видео - клипови поврзани со видео - клипови поврзани со тероризам, насилство и говор на омраза, молскавично почна да се шири бојкот на огласувачите на тој сервис.

Од огласите на „Јутјуб“ во Велика Британија се откажаа кабинетот на Владата, „Транспорт за Лондон“, „Гардијан“, „Канал 4“, „Лоереал“ и многу други компании и организации.

Бројот на огласувачите кои ги повлекуваат огласите постојано се зголемува, што веднаш се одрази на помала поста на нивната веб страница.

И покрај уверувањата на „Гугл“ дека максимално ќе се посвети на решавање на проблемот со „Јутјуб“, се чини дека наредниот период ќе биде доста тежок за оваа компанија и нејзините сервиси на британскиот остров. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.